(Фото) Ќерката на Џулија Робертс првпат се појави на црвениот тепих во придружба на татко ѝ

(Фото) Ќерката на Џулија Робертс првпат се појави на црвениот тепих во придружба на татко ѝ

пред 5 години

Ќерката на холивудската ѕвезда Џулија Робертс, 16-годишната Хејзел Модер дебитираше на црвениот тепих во Кан на годинашниот Филмски фестивал заедно со нејзиниот татко Даниел Модер. Таа се појавија на премиерата на „Денот на знамето“ (Flag Day), на којшто Даниел работел како кинематограф. За пригодата на црвениот тепих, Хејзел облече бледо-жолт фустан , а Модер носеше свечено одело. Taa нема свој удел во филмот.

Робертс и Модер ги имаат Хејзел и нејзиниот брат близнак Финеј, од ноември 2004 година. Потоа, во јуни 2007 година, им се роди и синот Хенри. Двојката првпат се сретна на снимањето на филмот со Робертс – „Мексиканецот“ од 2001 година, во кој глумеше заедно со Бред Пит, кога Даниел Модер беше асистент на камера. Робертс и Модер се венчаа на 4 јули 2002 година.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top