Голите Украинки кои минатата недела се полеваа со пожарникарско црево на патот кај Котор, се дел од таканаречениот Одред на голи заедници. Тие додека се ладеа предизвикаа прекин на сообраќајот на јадранската магистрала кај Црна Гора.
„Ние само им помагавме на пожарникарите да го измијат патот“, рекоа девојките и додадоа дека идејата им се допаднала и на пожарникарите.
Полицијата ги приведе Дијана Оксаниќ (19), Руслана Ковкова (21) и Викторија Рохалчук (21) и секоја од нив е казнета со по 450 евра.
Ова не им е првпат да направат инцидент и да имаат проблеми со полицијата. Тие пред финалето на Европското првенство се фотографираа со англиското знаме на задникот, а неодамна биле уапсени и затоа што се снимале голи на тераса на облакодер во Дубаи.
(Видео) Голи Украинки се прскаа со пожарникарско црево на патот кај Котор