(Видео) Брутално претепани две жени во Сплит, полицијата го бара напаѓачот

пред 3 години

Човек чиј идентитет и е познат на полицијата утрово брутално нападнал две жени во Сплит, со разлика од половина час.

Утрово брутално беше претепана една 52-годишна жена во Сплит, јавуваат тамошните медиуми.

Сè е снимено од надзорна камера, а нејзиниот сопруг Д.М. пензиониран припадник на 4-та бригада, понудил илјада куни награда за информации за сторителот, пишуваат далматинските портали.

Полицијата го откри идентитетот на напаѓачот, но потрагата по него сè уште трае.

Нападот се случил нешто по 7 часот, кога жената требало да отвори угостителски објект.

“Мажот и побара чаша вода, тој започна да ја навредува и ја удри со шише во главата. Откако таа падна на подот, тој почна да ја удира со рацете и нозете”, кажал вознемирениот сопруг.

Во меѓувреме стасаа и извештаи за втор напад.

Напаѓачот, како што неофицијално се дознава е 28-годишно момче но полицијата сè уште не ја потврдила таа информација. Според информациите на хрватските медиуми напаѓачот бил лоциран.

Share
Scroll to Top