Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лаен, изјави денеска во Прага дека е апсолутно неприфатливо властите или тајните служби да го користат израелскиот софтвер „Пегасус“ за да шпионираат новинари или активисти на невладини организации.
„Проверуваме дали се случило тоа, ако е така тогаш е апсолутно неприфатливо и е спротивно на сите правила. Во Европската Унија имаме слобода на медиумите и слобода на говор, и тоа е еден од столбовите на Унијата. Ако се случеше, тоа ќе беше апсолутно неприфатливо “, рече Фон дер Лаен на прес-конференција со чешкиот премиер Андреј Бабиш.
Таа реагираше на најавите на медиумите во врска со скандалот во кој учествуваа некои влади и разузнавачки служби, меѓу нив и од ЕУ.
По проучувањето на 50.000 телефонски броеви во тоа истражување, откриено е дека „Пегасус“ е инсталиран во телефоните на повеќе од 180 новинари и стотици активисти, како и државници и дипломати.
Покрај британските и француските новинари, некои уредници на медиуми во Унгарија се меѓу шпионираните новинари.