(Видео) Големи поплави во Кина, има загинати, над 100.000 лица се евакуирани

пред 3 години

Централните делови на Кина беа погодени од поплави по врнежите, за кои метеоролозите посочуваат дека се најсилни во последните илјада години. Во Луојанг, град со седум милиони жители, постои закана од пукање на браната поради што беше ангажирана армијата.

Големи површини во централната кинеска провинција Хенан се под вода. Најлошо е во главниот град Женгжу.

Метеоролозите велат дека паднал толку дожд што тоа е досега најголемо количество врнежи во последните 1.000 години.

Во поплавите, како што пренесуваат медиумите загинале најмалку 12 лица во Женгжу, град со 12 милиони жители а 100.000 луѓе се евакуирани на безбедно.

Бројни возови низ Хенан се откажани, некои автопати се затворени, а летовите се прекинати или одложени.

Share
Scroll to Top