Тони Цетински со концерт на Хераклеа во Битола

Тони Цетински со концерт на Хераклеа во Битола

пред 3 години

Хрватскиот музичар Тони Цетински, на 19 август ќе одржи концерт на Хераклеа во Битола, Хераклеа. Ова ќе биде негов прв настап во Македонија по скоро три години.

Цетински ќе ги испее неговите најголеми хитови, но и дел од новите песни што ги промовираше откако почна корона-пандемијата.

Популарниот пејач неодамна преку Инстаграм најави дека им се враќа на настапите во живо. Тој тогаш најави дека меѓу концертите што ги договара ќе има и концерт во Македонија, но дека дополнително ќе ја открие локацијата и датумот.

Организатор на концертот на Цетински е „Прагма продукција“, која вели дека ќе ги запазат сите мерки на безбедност пропишани од Министерството за здравство, а за одржување настани на отворено со публика.

Share
Scroll to Top