По 43 години, американската кантри-пејачка Доли Партон, повторно блесна како „Плејбој зајачица“, за нејзиниот сопруг.
Пејачката го облече истот костим како во 1978 година, кога позираше за познатото списание.
„Се сеќавате ли кога пред некое време реков дека ќе позирам за списанието „Плејбој“ кога ќе имам 75 години? Е па, јас имам 75 години ама списанието го нема, а мојот сопруг отсекогаш ја сакаше таа оригинална насловна на „Плејбој“, па затоа се обидов да смислам нешто за да го направам среќен. Тој сè уште мисли дека сум „згодна девојка“ и по 57 години – и нема да се обидам да му го оспорувам тоа! Мислите ли дека „Плејбој“ треба да ми плати барем за оваа фотосесија? Да!“, вели таа во видеото поставено на нејзиниот Твитер профил.
It’s always #HotGirlSummer for my husband, Carl ? Happy birthday my love! pic.twitter.com/utz7Atpk3F
— Dolly Parton (@DollyParton) July 20, 2021
Минатата година, Доли во шоуто на Скот Милс и Крис Старк на „Би-би-си рејдио 5“ навести дека сака повторно да позира за „Плејбој“ во чест на нејзиниот 75-ти роденден.
„Значи, да, можно е, разговаравме за тоа“, рече тогаш таа.