Драматични снимки од поплавите во Кина: Силен порој повлече жена која преживеа само поради упорноста на спасувачите

пред 3 години

Ужасни поплави предизвикаа хаос во централна Кина од каде продолжуваат да пристигнуваат драматични снимки.

Провинцијата Хенан e најтешко погодена од обилните дождови и поплави, а особено е драматично во главниот град Џенгџоу, кој, според тврдењата на метеоролозите, е погоден од најсилни дождови во последните илјада години. Според најновите податоци, најмалку 25 лица загинале во оваа кинеска провинција.

Сепак, дури и во ваква катаклизма многу граѓани го покажале својот херојски карактер.

Така, група луѓе успеале да спасат една жена од сигурна смрт.

Имено, жената била повлечена од силен порој, кој ја носеше додека таа едвај се бореше да ја задржи главата над вода. Таа некако успеа да го фати јажето фрлено кон неа од нејзините спасувачи.

Со заеднички напори тие ја извлекоа давеничката на сигурно и ја спасија од речиси сигурна смрт.