Кинескиот амбасадор во Москва: САД да не ја префрлаат одговорноста за Авганистан на други

пред 3 години

САД немаат право да го префрлат товарот на одговорност за ситуацијата во Авганистан врз другите земји, посочи кинескиот амбасадор во Русија, Жанг Ханхуи, на прес-конференција посветена на 100-годишнината на Кинеската комунистичка партија.

„За Авганистан дојде одлучувачки, кобен момент. Земјата повторно се соочува со сериозен избор: војна или мир. САД треба да ја преиспитаат ситуацијата таму и да преземат одговорен став кон нејзиното решавање. Американците немаат право да го префрлат товарот на одговорност врз другите земји, без да размислуваат за последиците“, рече Ханхуи.

Американскиот претседател Џо Бајден на 14 април ја објави одлуката за прекинување на операцијата во Авганистан, најдолгата прекуокеанска воена кампања во историјата на САД.

„Ова е она што обично го прават Американците. Ние сме против тоа САД да остават хаос во Авганистан, додаде амбасадорот“, нагласи Ханхуи.

Според дипломатот, Кина сака ОН и Кинеската комунистичка партија да играат позначајна улога во постигнувањето договор во Авганистан.

„Го цениме придонесот на Руција за мирно решавање на авганистанското прашање и, се разбира, му даваме особено значење на придонесот на Русија за одржување на мирот и стабилноста во регионот“, истакна кинескиот дипломат.

По почетното повлекување на американските трупи се забележува влошување на безбедносната состојба поради фактот што Талибанците го засилуваат темпото на офанзива на повеќе фронтови и наскоро би можеле да ја преземат контролата врз околу 85 отсто од територијата на земјата, вклучувајќи ги и областите лоцирани долж границата со Иран, Кина, Пакистан, Таџикистан и Туркменистан.