Сирија пресретнала израелски воздушен напад во Хомс

пред 3 години

Сириската воздушна одбрана утринава пресретнала израелски напад врз областа Ал-Усаир во Хомс, објавија сириските државни медиуми цитрани од Ројтерс.

Сириски воен извор информира дека во нападот била предизвикана одредена материјална штета, но дека нема жртви. Израелската војска не го коментираше инцидентот.

Провинцијата Хомс се протега кон Либан, каде што Хезболах ја држи контролата по должината на границата. Западни разузнавачки извори изјавија дека засилените напади на Израел врз Сирија од минатата година се дел од војната во сенка одобрена од САД.

Во засебен инцидент, израелската армија информираше дека при претрес во близина на границата со Либан, нејзините војниците фатиле двајца осомничени кои преку ноќ преминале во Израел. Војската соопшти дека парот очигледно се надевал дека ќе најде работа во Израел.

Сириските државни медиуми известија во понеделникот дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала израелски напад врз областа Ал-Сафирах, во јужниот дел на Алепо, каде што Израел повеќепати досега го напаѓаше засиленото иранско присуство.

Сириски воен портпарол изјави за државните медиуми дека се проценува штетата откако воздушната одбрана ги соборила повеќето ракети насочени кон голем број неодредени локации.

Сириските опозициски сили соопштија дека воздушните напади биле насочени кон базите на Иранската револуционерна гарда и фабриката за оружје во продолжение на израелските напади против иранските воени активности за истражување и развој изминатата година.

 

Share
Scroll to Top