Ѓоковиќ е најголема ѕвезда во Олимпиското село и сите сакаат да се сликаат со него

Ѓоковиќ е најголема ѕвезда во Олимпиското село и сите сакаат да се сликаат со него

пред 3 години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најголемата ѕвезда на Олимпијадата во Токио, а сите сакаат да се фотографираат со него, пишуваат медиумите. Со Новак сакаат да се сликаат навивачите, луѓето од обезбедувањето, волонтерите, но и познати спортисти. Ноле го застануваат за сликање во кафетеријата, во ходниците, а големо внимание предизвика и фотографијата со белгиските гимнастичарки, на која тенисерот ги имитира нивните движења.

„Конечно, со најдобриот“, „Број еден и во Олимпиското село“, „Фото за цел живот“, се дел од коментарите на фотографиите што ги објавуваат спортистите.

Новак не крие дека дојде на Олимпијадата за да освои злато. Тој во првото коло ќе игра против Хуго Делиен од Боливија.

Share
Scroll to Top