Ултиматум за Мориба – Продолжи го договорот или нема да играш

Ултиматум за Мориба – Продолжи го договорот или нема да играш

пред 3 години

Додека не го продолжи договорот, под условите кои ги постави клубот, младиот Илајш Мориба нема да биде во составот на Барселона.

Мориба (18), пред две недели беше префрлен во Б-тимот на Барселона, но додека не го продолжи договорот нема да може да игра натпревари ниту за вториот тим.

Договорот на Мориба со Барселона истекува наредното лето. Според каталонските медиуми, 18-годишникот, пред клубот поставил невозможни финансиски услови.

Ситуацијата со Мориба, внимателно ја следат Манчестер сити и Челси. Оие клубови му понудиле годишна плата од шест милиони евра.

Мориба, минатата сезона, дебитираше за Барселона. Одигра 14 натпревари, постигна еден гол и забележа три асистенции.

Share
Scroll to Top