Македонскиот репрезентативец Борјан Бранковски, го освои 21.место во квалификациите, во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Бранковски е првиот Македонец кој се појави на борилиштата во Токио.
Бранковски во квалификациите погоди 573 кругови. Овој резултат му беше доволен да го освои 21.место во конкуренција на 36 натпреварувачи.