(Видео) Големи поплави во Индија, настрадаа најмалку 125 лица

пред 3 години

Спасувачките екипи во Индија се обидуваат да стигнат до десетици куќи уништени во поплавите предизвикани од монсунски дождови, а бројот на жртви од лизгање на земјиштето и поплавите се искачи на 125 лица.

Државата Махараштра е најтешко погодена од најновото невреме. Станува збор за најобилните дождови во јули во последните неколку децении, велат научниците.

Тие траеја неколку дена и погодија стотици илјади луѓе, додека постои опасност големите реки да се излеат од нивните корита.

Во Талије, на околу 180 километри југоисточно од финансискиот центар Мумбај, бројот на загинати се искачи на 42, а уште четири тела беа најдени откако повеќето куќи во селото исчезнаа при лизгање на земјиштето, изјави висок владин претставник на Махараштра.

„Заробени се околу 40 луѓе. Шансата да се спасат живи е мала, бидејќи се наоѓаат во калта повеќе од 36 час“, вели тој.

Околу 90.000 луѓе се спасени од поплавените подрачја.

Илјадници камиони беа заробени повеќе од 24 часа на автопатот што го поврзува Мумбај со јужниот технолошки центар Бангалор, а на некои места патиштата беа поплавени.

Премиерот Наренда Моди рече дека е очаен поради настраданите.

Share
Scroll to Top