Дали сте знаеле дека третина од храната која ја јадеме ја опрашуваат пчелите и дека тие всушност се одговорни за исхраната на 90 отсто од светската популација?
Британскиот ТВ презентер и активист за животната средина, Дејвид Атенбороу споделил еден многу необичен, но всушност многу корисен совет за сите кои сакаат да ја зачуваат природата, нешто кон кое секој од нас треба да цели.
Со оглед на фактот дека живееме во свет во кој храната сè повеќе се третира со разни хемикалии и пестициди, треба да го зачуваме она мало парче природа кое нѝ остана.
Дали сте знаеле дека третина од храната која ја јадеме ја опрашуваат пчелите и дека тие всушност се одговорни за исхраната на 90 отсто од светската популација?
Поради тоа, Атенбороу советува во секој двор да се најде една лажичка шеќер за пчелите да можат да се хранат и да добијат енергија за враќање во кошниците. Имено, пчелите често знаат да бидат уморни и да немаат сила да се вратат во кошниците поради патот кој го поминале.
Ако пчелите исчезнат од нашиот еколошки систем, човештвото би имало сериозен проблем, но за жал тоа секојдневно го правиме користејќи пестициди. Изумирањето на пчелите е исто така последица на урбанизацијата и климатските промени кои драстично го намалуваат бројот на овие корисни инсекти.
„Ако пчелите исчезнат од планетата, луѓето би имале само четири години живот“, изјавил Атенбороу во една прилика, пренесува Mirror.
Затоа, ако ги забележите овие инсекти во вашата градина, помешајте една лажичка шеќер со една лажичка вода и оставете ја на видно место. Мешавината од шеќер и вода ќе ги рехидрира и ќе им ја даде енергијата која им е потребна да продолжат со својата витална работа.