Ракометното дерби Шпанија-Норвешка, одиграно во второто коло на олимпискиот турнир им припадна на Шапнците. Драмата во Токио беше решена со гол од седмерец по истекот на времето. Дербиот го судеа Македонците Начевски и Николов.
Шпанците славеа со 28:27. Последниот гол на мечот го постигна Гомез Абељо од седум метри по истекот на времето. Претходно на 24 секунди до крајот исто така од седмерец израмни на 27:27, Јондал.
Дербито, кое донесе одличен ракомет, го обележаа голманите, Шпанецот Коралес имаше 16 интервенции, а Норвежанецот Бергеруд 14.
Најефикасен кај Шпанија беше Фигуерас со десет голови од единаесет обиди, додека Норвешка ја предводеше Јондал со девет голови.