Moto Edge 20 и Moto Edge 20 Pro телефоните се појавија на TENAA сертификацијата, откривајќи дека се ближи објавата на уредот. Сега го имаме официјалниот датум на нивното претставување, а тоа е 5. август. Motorola објави постер кој сугерира објава на смартфони со фокус на камерите, а токму тоа го донесува Edge 20 серијата.
Уште една потврда за скорешната најава е дека двата телефона се појавија и на други платформи. Се верува дека XT2143-1 е Edge 20 и тој е забележан на Geekbench, додека XT2153-1 Pro се појави на NTBC сертификација.
Moto Edge 20 користи матична плоча со кодно име „берлин“, што е ознака за Snapdragon 778G чипсет. Ќе има опција со 8 GB RAM меморија и ќе користи Android 11. За Edge 20 Prо не се наведени спецификациите, но знаеме дека ќе има поддршка за 5G.
Се очекува дека Motorola Edge 20 линијата смартфони ќе ја сочинуваат три модели – Lite, Standard и Pro.