Тренерите на Дејан Георгиевски се откажаа од државната премија: Таа треба да e само за олимпискиот вицешампион

Тренерите на Дејан Георгиевски се откажаа од државната премија: Таа треба да e само за олимпискиот вицешампион

пред 3 години

Дарко и Борче Костовски, тренерите на македонскиот теквондоист, Дејан Георгивевски, кој освои сребро на Олимпијадата во Токио, се откажаа од државната премија што им ја додели Владата. Откако од Владата најавија дека ќе им доделат 40.000 евра награда, по 10 илјади за тренерите и 20 илјади за Георгиевски, сега браќата Костовски велат дека парите треба да ги добие само Дејан за историскиот успех што го постигна.

„Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост. За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (со златен отсјај)“, напиша Дејан Костовски.

За потсетување, Дејан Георгиевски вчера освои сребро во теквондо во категоријата +80. Откако во првото коло го победи поранешниот светски шампион Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, во финалето загуби од рускиот спортист Владислав Ларин со 15:9.

Share
Scroll to Top