ПСЖ почна преговори со Погба, наскоро официјална понуда?

ПСЖ почна преговори со Погба, наскоро официјална понуда?

пред 3 години

Пари Сен-Жермен почнале преговори со Пол Погба во обид да го донесат францускиот репрезентативец во неговиот роден град ова лето, тврди британскиот „Атлетик“.

Според нивните извори можно е да има официјална понуда во следните неколку недели, но и одлука да се почека до следното лето, кога ќе заврши договорот на Французинот со Манчестер јунајтед и ќе може да дојде како слободен играч.

„Ѓаволите“ веќе се обиделе да му понудат нов договор на Погба, но според британските извори, Оле Гунар Солскјер веќе почна да планира за животот без францускиот репрезентативец, кој останува најскапиот играч во историјата на клубот со трансферот од Јувентус од 100 милиони евра.

Оваа вест може да биде добра за 24-годишниот Дони ван де Бек, кого лани го донесоа од Ајакс но не доби вистинска шанса, а доколку тој не се покаже како подготвен секогаш постои можноста да се донесат Едуардо Камавинга или Деклан Рајс.

Share
Scroll to Top