Манчестер јунајтед не успеа да го победи новиот премиерлигаш Брентфорд на „Олд Трафорд“ пред 30-тина илјади гледачи одигрувајќи 2:2 во интересен меч.
Со комбиниран состав, со многу младински играчи во тимот, „ѓаволите“ бргу дојдоа во водство во 12. минута со новиот гол на Ентони Еланга, но Брентфорд успеа да израмни во 20. минута преку Шендон Баптист. Во второто полувреме, Андреас Переира постигна фантастичен гол од далечина во 50. минута, пред Брентфорд да израмни преку Мбеумо на 12 минути пред крајот на мечот.