Шилегов и Заев ги прошетаа Вучиќ и Рама по новоуредениот Кеј 13 Ноември

пред 5 години

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов денеска беше домаќин на македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ, кои се во посета на Скопје во рамки на одржувањето на регионалниот деловен економски форум.

Како што информираат од Град Скопје, Шилегов и гостите прошетале по новиот Кеј 13 Ноември.

„Кејот е опремен со ново партерно уредување, патека за лица со инвалидитет, нови клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање“, се наведува во соопштението.

Рама и Вучиќ се во посета на Скопје во рамки на одржувањето на Економскиот форум за регионална соработка, каде што учествуваат над 350 компании од Западен Балкан, а се очекуваат над 400 билатерални средби на бизнисмените.

Share
Scroll to Top