Рики Рубио на радарот на Лејкерси

Рики Рубио на радарот на Лејкерси

пред 3 години

Рики Рубио, ова лето, би можел да се пресели во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, пренесе новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски. „Езерџиите“ се заинтересирани за Шпанецот, бидејќи Денис Шрудер ќе го напушти клубот.

Германецот Шрудер е слободен играч, а Лејкерси немаат намера да му понудата договор од 100 милиони долари. Оваа сума Шрудер може да ја добие од Чикаго или Њујорк.

Исто така, Лејкерис, биле подготвени да се разделат и со Кајл Кузма, кој не успеа да се наметна кеко еден од лидерите во тимот.

Рубио еден од европските кошаркари со најдолг стаж во НБА лигата. Во 2011 година тој беше избран како петти пик од Минесота. Во Минеаполис играше шест сезони, потоа два мина во Јута Џез, една во Финикс Санас, а во ноември минаата година се врати во Минесота.

Минатата сезона одигра 51 натпревар, во просек по натпревар бележел 8,6 поени, 3,3 скока и 6.4 асистенции.

Рубио во 2019 година беше прогласен за МВП на Светското првенство.

Share
Scroll to Top