Женската ракометна репрезентација на Црна Гора доживеа уште еден пораз на олимпискиот турнир во Токио, со што под знак прашалник го стави пласманот во четврт-финалето.
Црна Гора, во третото коло во А-групата, доживеа убедлив пораз од Норвешка 23:35 (13:13).
По неочекуваниот пораз во претходната рунда од Јапонија, Црногорките ветија дека ќе „изгинат“ на теренот против Норвешка. Избраничките на Бојана Поповиќ одлично им парираа на фаворитките во првиот дел (13:13), но потонаа во вториот во кој постигнаа 10, а примија 22 гола.
Радичевиќ, Грбиќ и Брновиќ со по три гола беа најефикасни кај Црна Гора. Офтендал и Нора Мерк со по четири гола ја предводеа Норвашка.
Црна Гора во наредното коло мора да ја победи Јужна Кореја доколку сака да се надева на место во четврт-финалето.
Во А-групата по три победи имаат Норвешка и Холандија, додека победа и два порази имаат Јужна Кореја, Јапонија и Црна Гора, Ангола е последна без победа.