МОК го награди Георгиевски за успехот во Токио

МОК го награди Георгиевски за успехот во Токио

пред 3 години

Македонскиот олимписки комитет (МОК), го награди успехот на Дејан Георгиевски, кој пред два дена, во таеквондо го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио.

„Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно“, соопшти МОК.

Георгиевски претходно доби парична награда од Владата (20.000 евра) и Агенцијата за млади и спорт (10.000 евра).

Share
Scroll to Top