Легендарниот бразилски поранешен напаѓач на Интер и Парма, Адријано и даде поддршка на амеирканската гимнастичкарка Симон Бајлс, која се повлече од повеќебојот на Олимпијадата за да се фокусира на нејзиното ментално здравје.
Одлуката на 24-годишната Американка донесе многу различни размислувања – додека некои ја фалеа за нејзината храброст да го стави здравјето на прво место, дел од критиките беа дека врвните спортисти мораат да се психички подготвени.
Адријано, кој во својата фудбалска кариера имаше многу лични трагедии и проблеми, вели дека целосно ја разбира Бајлс.
„Знам точно низ што поминуваш. Не е фер луѓето да те оценуваат толку строго. Само биди среќна и грижи се за самата себеси. Јас поминав низ истото и уште се прашувам што ми се случи. Господ нека им прости на тие лоши луѓе“, напиша Адријано.
Адријано имаше само 22 години во 2004 кога неговиот татко почина од срцев напад пред неговиот трансфер во Интер и призна дека тоа го турнало во депресија и во злоупотреба на алкохол.
Simone Biles… sei exatamente o que está passando e não deixe as pessoas te crucificarem. Seja feliz e cuide da cabeça!
Passei por isso e até hj sou questionado.
Que Deus perdoe essas pessoas ruins pic.twitter.com/ce2SUl4olr
— Adriano Imperador (@A10imperador) July 28, 2021