„Google“ ќе ги забрани платформите „Sugar Daddy“, „Elite Millionaire singles”, „SeekingArrangement“, „Spoil“, кои служат за продавање и купување секс услуги на интернет, односно повеќе нема да може онлајн да се купат компензирани сексуални односи (т.е. sugar dating)“.
Концептот на овие апликации е таков што поимотни мажи (најчесто и повозрасни), бараат помлади девојки и жени заради секс за пари.
Отстранувањето е дел од новата политика на Гугл, како би се ограничиле сексуалните содржини. Забраната стапува на сила на 1 септември оваа година.