Американецот Кејлеб Дресл се претвора во еден од хероите на Олимписките игри во Токио. Тој победи со време на нов светски рекорд на трката на 100 метри пеперутка. Дресел досега освои три медали на во Токио.
Дресел од стартот на финалната трка наметна жесток ритам, на крајот опасно му се закани но не и да му ја оспори победата Унгарецот, Кристоф Милак.
На крајот Дресел го подобри сопствениот светски рекорд. Најдоброто време во светот сега изнесува 49.45 секунди.
Милак, го освои второто место со нов европски рекорд, 49.68 секунди. Бронзата му припадна на Швајцарецот Понти.
Дресел претходно победи на 100 метри слободно и во штафетата 4×100 слободно.
Американецот е најголемиот фаворит за златниот медал и на 50 метри слободно. Во финалето влезе со најдобар резултат.