Хрватска стигна и до седми олимписки медал во Токио

Хрватска стигна и до седми олимписки медал во Токио

пред 3 години

Одличната Олимпијада засега за хрватските спортисти продолжува откако Тончи Стипановиќ освои сребрен медал во едрење, зад Австралиецот Мет Верн, но пред Норвежанецот Херман Томсгард.

35-годишниот Стипановиќ веќе има две олимписки медали, откако беше сребрен и во Рио во 2016 година.

Златни медали за Хрватска на Олимпијадата досега освоија Матеа Јелиќ (теквондо), Мартин и Валент Синковиќ (веслање) и Никола Мектиќ и Мате Павиќ (тенис). Сребро имаат и Марин Чилиќ и Иван Додиг (исто така тенис), а бронзи Тони Канает (теквондо) и Дамир Мартин (веслање).

Share
Scroll to Top