Џогираше во последните метри, па остана без место во полу-финалето

Џогираше во последните метри, па остана без место во полу-финалето

пред 3 години

Шерика Џексон направи глупост невидена во историјата на Олимписките игри. Атлетичарката од Јамајка, остана без место во полу-финалето на трката на 200 метри.

Шерика Џексон, освои бронзен медал на трката на 100 метри,а беше меѓу фаворитките за медал и на 200 метри.

Меѓутоа во четврт-финалето, во квалификациската Група 5, самата се елиминираше од понатамошните натпревари.

Џексон, некаде пред целта, се наоѓаше на место кои и обезбедуваше пласман во наредната рунда, меѓутоа реши да забави, практично таа џогираше до целта, дозволи ривалките да ја престигнат и да заврши на четвртото место во групата. Џексон за четири илијадити делови од секундата беше побавна од Италијанката Далија Кадари.

Пласман во полу-финалето обезбедија првите три, а Џексон нова шанса за медал во Токио, ќе чека во штафетната трка 4×100 метри.

Share
Scroll to Top