Јапонија ќе ги хоспитализира само најтешко заболените пациенти

пред 3 години

Јапонија ќе се фокусира на хоспитализирање само на најтешко заразените пациенти и оние кои се изложени на ризик да станат такви, со цел да се избегне оптоварување на болничкиот систем, бидејќи се зголемува бројот на случаи во градот домаќин на Олимписките игри.

Земјата бележи нагло зголемување на бројот на случаи на инфекција, при што дневниот број се искачи на повеќе од 10.000. Токио имаше рекордни 4.058 случаи во саботата, надминувајќи 4.000 за прв пат.

„ Ќе обезбедиме кревети за сериозно болни пациенти и за оние кои се во ризик да станат такви“, рече премиерот Јошихиде Суга синоќа по состанокот на владината работна група. Тој додаде дека од другите пациенти ќе биде побарано да останат дома, а владата ќе обезбеди тие да бидат хоспитализирани доколку нивната состојба се влоши. Претходната политика беше насочена кон хоспитализација на поширока категорија пациенти со висок ризик.

Јапонија ја продолжи вонредната состојба на три префектури во близина на Токио и западната префектура Осака. Овие мерки и вонредната состојба поттикната од влошената состојба во Токио, четврта од почетокот на пандемијата, ќе трае до 31 август.

Јапонија заостанува во вакцинацијата во споредба со другите развиени земји, особено кај помладите жители. Нешто помалку од 30 проценти од населението прими две дози од вакцината. Последните податоци од Токио покажаа дека речиси 70 проценти од болничките кревети за тешко заразени пациенти биле пополнети.

Share
Scroll to Top