Атлетичарот Ламонт Марсел Џејкобс (26) од Италија е новиот олимписки шампион на 100 метра спринт на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио. Тој на финалната трка целта ја мина со време 9,80 секунди, со што постави нов европски рекорд.
Сребрениот медал доби Фред Керли од САД кој беше за четири стотинки поспор од Италијанецот, додека бронзениот медал го освои Канаѓанецот Андре де Грас со време од 9,89 секунди.
По завршувањето на трката, делегацијата на САД побара повторување на истата, бидејќи наводно Џејкобс имал поинакви спринтерки, поточно според американската теорија имал побрзи патики и го кршел правилникот за опремата на спринтерите. Сепак, организаторите не го прифатија нивното барање.
Џејкобс е роден во Ел, Пасо Тексас од татко Американец и мајка Италијанка. Поголемиот дел од животот го мина во Италија, па затоа се одлучи и да трча под знамето на оваа земја, каде што работи како полицаец за плата од 1300 евра. Се очекува наскоро да му се подобри финаниската состојба, бидејќи според пресметките на маркетинг-менаџерите, златото на ЛОИ на Џејкобс ќе му донесе заработка од вкупно пет милиони евра. Тој е првиот Европеец кој успеал да победи по 29 години, првпат по ЛОИ во Барселона.





