Граничниот премин Богородица од вечерва по 20 часот е повторно отворен за сообраќај, откако попладнево на сила беше одлуката за затворање поради тоа што во шумата во негова близина избувна пожар.
Пожарот што избувна во граничниот појас е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеjаа да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон граничниот премин, меѓу кои и бензински пумпи и казина.
Поради активноста на пожарникарите, беше исклучена електричната енергија во објектот на граничниот премин и тој беше привремено затворен за сообраќај заради безбедност на патниците и за да се овозможи простор за пожарникарите да дејствуваат.