Одбојкарките на Србија се пласираа во полуфиналето на Олимпијадата во Токио. Тие ја победија Италија со 3:0 (25:21, 25:14, и 25:21) и ја остварија седмата последователна победа против нив.
Во полуфиналето тие ќе се сретнат со репрезентацијата на САД. Србија во претходниот натпревар беа поразени од Бразил и борбата во групната фаза ја завршија на втората позиција.
Избраничките на Зоран Терзиќ оставија добар впечаток во групната фаза на игрите и изгубија само еден натпревар. Тие ги победија Доминиканската Република, Кенија, Јапонија и Јужна Кореја.
Италијанките пак претрпеа два порази на патот кон наредната фаза на игрите. Тие изгубија од Кина, па од САД. За потсетување, репрезентацијата на Србија е актуелен светски шампион, а во финалето на Светското првенство 2018 година, тие славија над Италија.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Северина се расплака на концерт во Осиек за синот Александар: кога ме гледа во овие фустани, мисли дека сум Супермен и ќе го спасам светот
Јелена Јованова со сопругот Стјепан Периќ на премиера на нејзиниот нов филм во Загреб
Крцкави модри патлиџани во рерна готови за 30 минути
(Видео) Руска политичарка се соблече во бикини и се фрли да си игра во снегот во Сибир на – 20 степени
Од корона почина Зоран Росоманов, сопругот на Невенка Томовска за која е напишана „Македонско девојче“
Двејн Џонсон се заглави во Порше Тајкан
