Лазања со хељдини кори и спанаќ

Лазања со хељдини кори и спанаќ

пред 3 години

Состојки:

– 250 гр. хељдини кори за лазања

– 250 гр. спанаќ

– 1 л. млеко

– 100 гр путер

– 4 лажици брашно

– 1 лажичка сол

– 1 главица лук

– морско оревче

Подготовка:

Во поголемо тенџере ставете го путерот да се растопи. Додадете брашно и промешајте го со растопениот путер околу две минути, а потоа додадете го млекото. Продолжете со мешање уште пет минути сè додека смесата не се згусне. Додадете лук и морско оревче по вкус.

Потоа додадете спанаќ во смесата и промешајте ги да се соединат. Додадете сол по вкус. Загрејте ја рерната на 200 степени. Плехот во кој ќе ги печете лазањите премачкајте го со путер. Истурете слој од смесата врз дното и ставете врз неа кори од лазања. Потоа повторно измешајте и сè додека смесата и кората не се потрошат.

Печете ја лазањата 20 минути. Потоа извадете го плехот од рерната, лазањата исечете ја на коцки и сервирајте ја.

Share
Scroll to Top