Вила го донесе Дени Ингс за 30 милиони фунти

Вила го донесе Дени Ингс за 30 милиони фунти

пред 3 години

Астон вила очигледно почна однапред да ги троши парите од очекуваниот трансфер на Џек Грилиш во Манчестер сити, откако потврдија дека го купија напаѓачот Дени Ингс од Саутемптон за 30 милиони фунти.

Напаѓачот потпиша тригодишен договор со клубот и доаѓа од Саутемптон, каде што ја препороди кареирата и минатата сезона постигна 13 гола. Тој е последното засилување за клубот од Бирмингем, кој веќе ги донесе Леон Бејли, Еми Буендија и Ешли Јанг на „Вила парк“.

„Дени е фантастичен фудбалер со искуство во Премиер лигата, кој постигнувал голови каде и да играл. Се работи за врвен професионалец со фантастичен карактер, кој треба да биде лидер во нашиот тим со својата сила и да помогне во развојот на фудбалерите од академијата“, изјави менаџерот Дин Смит.

Share
Scroll to Top