Словенечки пожарникари се веќе во Берово каде се распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот профил на „Фејсбук“.
Во земјава се пристигнати 16 противпижарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гаснењето на пожарите.
Помошта од Словенија се реализира по телефонскиот разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега, Матеј Тонин.
„Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, и напишал министерот Тонин на Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја, соопштија од Министертсвото за одбрана.
Шекеринска на „Фејсбук“ напиша дека се зголемува и ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево – 400 припадници на Армијата во моментов го гаснат пожарот кај селата Истевник, Робово и Умлена.
The EU is sending additional firefighting capacities to#Greece and #NorthMacedonia to support the local response.
Help is coming from ??, ??, ?? and ?? and the ??’s Copernicus satellite ?️#EUSolidarity #EUCivPro
— Janez Lenarčič (@JanezLenarcic) August 5, 2021
Денеска и Јанез Ленарчиќ, шефот на европската Комисија за управување со кризи најави дека Унијата ќе испрати помош од возила и капацитети кои ќе помогнат со справувањето на пожарите на територијата на земјава, но и во Грција.
„Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од сателитите за набљудување на ЕУ“, напиша Ленарчиќ.