Џенифер Лопез и Бен Афлек планираат тајно да се венчаат

Џенифер Лопез и Бен Афлек планираат тајно да се венчаат

пред 3 години

Познатиот холивудски глумец Бен Афлек и неговата девојка пејачката Џенифер Лопез планираат тајно да се венчаат, пишуваат светските медиуми. Свеченоста ќе ја направат во Мајами, а веќе и се познати имињата на гости кои ќе присуствуваат на свадбата.

Извор блиски до нив говорат дека Лопез сака цеото нејзино семејство да биде дел од забавата, но дека се двоумела околу изборот на деверушите.

„Џеј Ло и Бен сакаат целото семејство да биде вклучено во овој одличен ден. Џнифер одлучи дека деверуши ќе бидат нејзината 12-годишна ќерка Ема, како и ќерките на Бен, 15-годишната Виолет и 12-годишната Серафина“, открива изворот.

Тој вели дека и нејзиниот 12-годишен Макс и деветгодишниот Самуил на Бен, исто така ќе имаат посебни улоги на венчавката“, а кум ќе им биде помладиот брат на актерот, Кејси Афлек.

На венчавката ќе присуствува и поранешен сопруг на Лопез, музичарот Марк Ентони, како и нејзиниот татко, кој треба да ја однесе до олтарот.

Медиумот исто така, наведува дека покрај Мајами, двојката ја разгледува и опцијата за венчавка во Санта Барбара, а Лопез е решена венчавката да ја одржи во Црквата.

За потсетување, гласините за обновената романса по 17 години започнаа пред неколку недели кога папараците ги снимија Џеј Ло и Бен на романтичен викенд.

Тие веќе не се ни обидуваат да се кријат, па во неколку наврати досега се снимени како разменуваат нежности во јавност.

Share
Scroll to Top