(Фото) Кејт Хадсон пристигна во Белград за снимањето на „Нож во грб 2“

(Фото) Кејт Хадсон пристигна во Белград за снимањето на „Нож во грб 2“

пред 5 години

Холивудската актерка Кејт Хадсон вчера пристигна во Белград за снимањето продолжението на филмот „Нож во грб“ со Даниел Крег, кој е таму веќе подолго време.

Марија Ѓуровски, сопруга на српскиот пејач Марко Ѓуровски и сопственичка ја угости актерката за време на нејзиниот вчерашен шопинг низ центарот на градот.

„Ни беше задоволство што беше наша гостинка, Кејт“, напиша таа.

Хадсон се приклучи на тимот предводен од Даниел Крег, а досега го сочинуваат: Лесли Одом Џуниор, Кетрин Хан, Жанел Моне, Џејв Ботиста и Едвард Нортон.

За потсетување, актерот Даниел Крег, викендов ги сними првите сцени во Србија за продолжението на „Нож во грб“. Тој беше забележен во неделата наутро како излегува од својот хотел во центарот на Белград и со затемнети прозорци на автомобилот беше однесен на местото на кое се снимаше.

(Фото) Даниел Крег ги сними првите сцени во Србија за филмот „Нож во грбот“

Share
Scroll to Top