Во вчерашната акциска контрола од страна на МВР за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, на територијата на цела држава биле изречени казни за 259 возачи.
Од нив, четири возилa се движелe со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 со брзина над 50 километри на час над дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.
Од МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.