Aлбански државјанин прошверцувал и во стан во Гостивар скрил 34 килограми марихуана

пред 3 години

Гостиварското основно јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за истрага против три лица, двајца македонски и еден албански државјанин, осомничени за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од обвинителството, осомничениот 38-годишен државјанин во Република Албанија набавил поголемо количество марихуана, ја внел во Македонија и ја скрил во стан во Гостивар.

На 6 август двајцата осомничени жители на Скопје, на возраст од 28 и 32 години, како соизвршители договориле купување на 1.990 грама марихуана од Албанецот, со цел потоа истата да ја препродадат на свои клиенти.

Притоа договориле на првоосомничениот да му исплатат сума од 2.500 евра.

При обид да ја извршат размената биле забележани од полицајци, дрогата им била пронајдена и одземена, а тие биле лишени од слобода. При претрес во станот во Гостивар во кој престојувал албанскиот државјанин биле пронајдени уште 31.880 грама марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување притвор за тројцата осомничени за кои постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци, да ги прикријат трагите за кривичното дело, како и да го повторат делото.​

 

Share
Scroll to Top