Реал Мадрид и Милан, двете екипи со најмногу европски титули во својата историја (13 за Реал, 7 за Милан), одиграа интересен пријателски меч на „Вертерзе“ стадионот во Клагенфурт, Австрија, во меч во кој недостасуваа само голови.
„Кралевите“ имаат повеќе причини да жалат, бидејќи имаа далеку повеќе удари на голот на противникот (16-5), иако и Милан во финишот се „разигра“ и беше поконкретен пред голот на „кралевите“.
Сепак, најголемата шанса ја имаше повратникот во составот на Реал, Герет Бејл (овојпат со бројот 50. на грбот), кога во 41. минута од мечот утна пенал, за кој самиот се избори. Неговиот удар заврши во рацете на новиот голман на „росонерите“, Французинот Мајк Мањан.