Ливерпул стигна до 3:1 победа во контролниот меч со шпанска Осасуна пред стартот на сезоната во Премиер лигата, во меч во кој посебно беше расположен Роберто Фирмино.
„Црвените“ на „Енфилд“ стигнаа до водство во 14. минута со автоголот на Аресо, по што Фирмино стрелаше во 21. и 41. минута. Баскискиот клуб го постигна својот единствен гол во 70. минута преку Кике.
Ова беше прв официјален меч за Ливерпул за новото засилување, Ибрахима Конате.