Наместо решавање на ситуацијата со коронавирусот, граѓаните гледаат само се поголеми глупости и се поголема неспособност на Заев и Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не се справија со ниту еден бран од коронавирусот, а сега на праг на четвртиот бран наместо да понудат решенија, тие заплашуваат и дискриминираат. За СДСМ сега постојат само вакцинирани граѓани, ги избришаа и оние кои минуваа голгота во текот на лечењето, а имаат антитела“, велат од опозициската партија.
Погрешната здравствена политика, поточно немањето здравствена политика како што велат од таму ја доведе земјава уште од стартот на појавата на Коивд-19 високо на листите на починати.
„Досега повеќе од 5.500 починати само во земјава, а високо котира на светските ранг листи по бројот на починати. Или според Ворлдометар, Македонија е шеста по смртност на милион жители во светот. Сето ова што се случува е резултат на интересот за провизии, а не за здравјето на граѓаните“, истакнуваат од партијата на Мицкоски.
Велат дека апелираат на вакцинација но дека се строго против дискриминација.