Талентираниот Норвежанец, Јенес-Петер Хауге, кариерата ќе ја продолжи во Ајнтрахт од Франкфурт. Милан го испрати Хауге на едногодишна позајмица. Ајнтрахт по завршувањето на сезоната ќе можат да го откупат неговиот договор за 12 милиони евра.
Хауге, на почетокот на минатата сезона, од Бодо-Глимт пристигна во Милан. Спортскиот сектор на славниот клуб го означи како еден од најталентираните млади играчи во Европа.
Пред трансферот во Милан, даде голе придонес во освојувањето на норвешкото првенство. Бодо, по 104 години станаа шампиони на Норвешка. Хауге на 18 натпревари, постигна исто толку голови и забележа 10 асистенции.
Кај Стефано Пиоли не доби многу простор за игра. Милан не го регистрираа за настапите во Лига Европа, а во Серија А најчесто беше резерва. Минатата сезона одигра 24 натпревари за Милан, постигна пет гола.
Доаѓањето на Хауге во Ајнтрахт, извесен го прави трансферот на Филип Костиќ во Лацио.