Во Израел над 6.000 заразени во еден ден, најмногу од февруари

пред 3 години

Во Израел денеска беше објавено дека се регистрирани повеќе од 6.000 случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на февруари.

Направени се повеќе од 130.000 тестови, а речиси пет проценти биле позитивни. Речиси 400 пациенти се во сериозна состојба, главно од март, и 64 на респиратор, два дена откако израелската влада ги заостри ограничувањата во обид да го спречи ширењето на делта-сојот во земјата.

Во меѓувреме, околу 577.000 луѓе ја примиле третата доза од вакцината, а 5,4 милиони од вкупните 9,3 милиони жители ја примиле втората доза, пренесуваат израелските медиуми. Во Израел, сепак, се уште има околу милион граѓани на возраст од 12 години и постари кои не ја примиле првата доза.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД го додадоа Израел на листата на земји со најголем ризик и ги советуваа своите граѓани да избегнуваат патувања таму. Исто така, беше предупредено дека поради моменталната ситуација во Израел, дури и целосно вакцинираните патници може да бидат изложени на ризик да се заразат и да го шират вирусот.