Полската полиција ги стопираше „Бед блу бојс“ пред Варшава

Полската полиција ги стопираше „Бед блу бојс“ пред Варшава

пред 3 години

Полската полиција не сакаше реприза на немилите случувања во Загреб кога се судрија навивачите на Динамо Загреб и Легија Варшава, и не им дозволи на околу 200 члена на „Бед блу бојс“ да влезат во полската престолнина пред вечерашниот меч (21 часот).

Според хрватските медиуми, полската полиција успеала да ги сопре навивачите на самиот влез во Варшава, и со брза организација да спречат 40 возила да влезат во градот.

„Толку блиску“, напишаа навивачите на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top