Реал Мадрид потврдија дека Дани Себалјос добил повреда на лигаментите на скочниот зглоб додека траат шпекулациите за неговото заминување од „кралскиот“ клуб.
Себалјос, кој последните две сезони ги помина во Арсенал, се повреди во првиот меч на Олимпијадата во Токио, така нарушувајќи ги шансите за трансфер во Милан, кои беа подготвени да го земат на позајмица.
Себалјос, кој произлезе од академијата на Реал Бетис, пристигна во мадрид во 2017 и во првите две сезони имаше 56 меча, но не успеа да остане во тимот по што беше позајмен кај „топчиите“. Тој претходно најави дека сака да се бори за стартно место под Карло Анчелоти во Мадрид.