Во Црна Гора најмногу нови случаи за четири месеци, најмногу заболени има во Будва

пред 3 години

Во Црна Гора се потврдени 332 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на заболени во последните четири месеци.

Меѓу нив има 41 турист, претежно од Будва и Улцињ, два крајбрежни града кои бележат најголем број туристи ова лето.

Со 2.635 заболени на 100.000 жители, Будва е во црвената зона.

Дека ситуацијата е комплицирана, потврди и директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Игор Галиќ, кој изјави дека повторно има локален пренос на вирусот и дека може да се разговара за нов бран.

„Епидемиолошката состојба станува посложена секој ден. Во сите европски земји има зголемување на бројот на пациенти, што е случај и во Црна Гора, така што можеме да зборуваме за нов бран на епидемијата“, рече Галиќ за РТЦГ.

Share
Scroll to Top