Ниту еден од вкупно 140 австриски пожарникари и помошници, кои се борат со пожарите во Малешевијата, не е професионалец, туку сите се доброволци. Поради што повеќето од нив морале да земат одмор, поради отсуството на своите редовни работни места во Австрија.
Тие пристигнаа во четвртокот, а во сабатата ја направија првата замена, откако 96 од нив се вратија во Автрија, а на нивно место дојдоа 114 нови.
На официјалната Фејсбук страница на Австријците, редовно се споделуваат нови информации околу пожарите во Македонија.
Пожарот кој гореше кај местото викано Бeјаз Тепе во општина Пехчево, а потоа се префрли кај селото Будинарци во Берово е локализиран. Во моментов има три активни пожари во земјава. Пожарот во близина на селата Раовиќ – Буковиќ во Сарај гори веќе неколку дена и се прошири кон ловиштето Јасе, но засега огнот е под контрола, додека останатите два се кај селото Дивље во Петровец и кај селото Топлица.






