Татко и син биле пронајдени со повреди од огнено оружје во стан во скопски Аеродром, соопшти полицијата. Синот починал а 87-годишниот старец бил пренесен во болница
Според информации од страна на полицијата вчера во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д.(87) и В.Д.(59), татко и син, двајцата од Скопје.
Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури.
Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.